• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбал остана без едно име во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани. Андреј Лазаров, членот на Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница.
Откако јавноста објави дека се бара Андреј Лазаров, се огласи Шкупи од каде посочија дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров не издржа, заради изгореници и вдишување на чад почина на 25-годишна возраст.
Младиот кочанчанец оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше за хрватските клубови Горица и Рудеж, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.
Клубовите на Работнички, ГФК Тиквеш, хрватска Горица и изразија сочувство до цела Македонија за сите загуби и се простија од фудбалерот.
>>> ФК Шкупи: Лазаров се задуши додека спасуваше луѓе во пожарот
Претходно, со соопштение се огласи и последниот клуб на Андреј Лазаров, екипата на Шкупи, која раскажа за последните моменти на играчот.
Сочувство до семејството јавно изразија и повеќе македонски клубови и фудбалски работници, хрватски Динамо Загреб...