• Горан Упале

Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со подготовките за новата сезона, а утре ќе го одигра првиот контролен натпревар за време на главната фаза од подготовките во Турција.
Противник на кавадаречкиот тим ќе биде рускиот суперлигаш Балтика, кој ќе биде сериозен тест за избраниците на Богатинов во оваа фаза од подготовките.
Натпреварот е закажан со почеток од 17:00 часот по македонско време, односно 18:00 часот по локално време во Турција.
Овој дуел ќе биде прва можност тренерскиот тим на Тиквеш да ја провери формата на фудбалерите и да испроба различни тактички варијанти пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
