• Сашо Поповски

Второлигашот Тиквеш продолжи да го засилува тимот во пресрет на новата сезона во ВМФЛ.
Ново име во редовите на кавадарчани е талентираниот Далибор Костовски. Се работи за младински репрезентативец кој е производ на школата на екипата на Вардар.
Изминатите шест месеци 18-годишникот ги мина во редовите на ФК Септември од Бугарија. Тој не доби можност да го продолжи договорот, иако имаше таква опција за наредните 2-3 години. Амбицијата на Тиквеш во новата сезона е да обезбеди прволигашки статус и да заигра во елитата.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.