Тиквеш потпиша со 36-годишен Нигериец со искуство во Турција и Норвешка

Екипата на Тиквеш донесе нов играч за врска и потпиша договор со нигерискиот фудбалер Чуквума Акабуезе кој доаѓа како слободен играч.

Се работи за 36-годишник кој на почетокот на јули се раздели со Санлиуфаспор од Турција. Во својата биографија тој има настапи и за Генчлерберлиги, Бандирмаспор, Умранијеспор и Болуспор од Турција, а трага има оставено и во Норвешка каде беше дел од Одд Гренланд и Бран.

Низ својата кариера, Нигериецот настапуваше и на Кипар каде го носеше дресот на Дегирменлик, а исто така беше и во Кина, во тимот на Вухан Јангце за кого играше една година, во 2013.

Во турската Прва лига, Акабуезе има 212 настапи, 24 гола и 22 асистенции, додека во норвешката Елитсериен има 209 настапи, 45 гола и 36 асистенции. Беше дел и од норвешката ОБОС Лига, каде на 28 меча запиша девет гола и десет асистенции.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.