Тиквеш пак има мака со судиите: Цупара повреден додека Вардар давал гол (ФОТО)

Екипата на Тиквеш повторно оваа сезона загуби од Вардар, овој пат во Купот на Македонија (0-2) и така најмасовното натпреварување во земјата ќе добие нов владетел.

Слично како и на претходниот, така и на овој натпревар против Вардар, Тиквеш најде замерки на судиите. Во објава на социјалните мрежи преку клупските канали, од тимот од Кавадарци потенцираат дека имало прекршок при првиот гол на Вардар, ама судиите останале слепи.

„Ова е стапалото по стартот над нашиот стопер Цубара кој во 76 минута од натпреварот е повреден со расекотина од крампон неможејќи да го продолжи натпреварот, а судијата дозволи играта да продолжи за гостите да постигнат гол. Им честитаме на Вардар за победата и им посакуваме успех како ново раководство на ФФМ, а ние како клуб нема до дозволиме овие валкани игри да поминат во иднина“, велат од Тиквеш.

Тиквеш лани дојде до титула во Купот на Македонија преку Воска Спорт.