• Горан Упале

Откако фудбалскиот клуб Гостивар синоќа обвини за масовно труење на фудбалерите пред натпреварот со Тиквеш во Кавадарци, утрово одговор пристигна од освојувачот на Купот на Македонија. Од таборот на Тиквеш информираат дека сите објави на Гостивар се невистини и најавија соодветна пријава и тужба кон противникот во саботниот натпревар.
- Соопштението на Тиквеш ви го пренесуваме во целост:
„Градскиот фудбалски клуб Тиквеш ја информира спортската јавност во врска со новото соопштение на ФК Гостивар, дека сите нивни информации се невистинити !
Од нивното соопштение разбравме дека фудбалерите и стручниот штаб биле сместени во карантин, но за вистина на јавноста престојувале во хотел во Неготино. Никој од стручниот штаб на гостите пред почетокот на натпреварот не пријави проблем со фудбалерите, истите беа уредно пречекани и сè беше во најдобар ред до почетокот на натпреварот.
Исто така имаме информација дека поголем дел од фудбалерите верници на муслиманската вероисповед, се придржуваат кон Рамазанскиот пост.
Управата на ГФК Тиквеш ќе поднесе соодветна пријава и тужба против ФК Гостивар, за изјавените обвиненија, саботажа и клевета кон нашиот клуб, како и за манипулирање на јавноста со вистината !!! ГФК Тиквеш 1930 АД – Кавадарци“
Натпреварот во Кавадарци заврши со минимална победа на домаќинот од 2-1.