Тиквеш ќе го игра европскиот меч на Арената во Скопје

Екипата на Тиквеш обезбеди учество во квалификациите за Конференциската лига преку Купот на Македонија и првото коло ќе го стартува на домашен терен.

Во стартната рунда, Тиквеш ќе игра со Бреидаблик од Исланд. Првиот меч ќе се игра во Македонија, а кавадарчани ќе бидат домаќини на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Мечот е закажан на 11 јули од 17:00 часот.

Реваншот е на 18 јули во Копавогур. Победникот патува во второто квалификациско коло од Конференциската лига.