ВИДЕО: Тиквеш има голман и пол – како Игески во 93. минута спаси чист гол на Брегалница! 

Големото дерби во второлигашкото друштво меѓу Брегалница и Тиквеш во целост ги задоволи очекувањата на фудбалските фанови, особено оние на кавадаречкиот клуб. 

Под блесокот на рефлекторите во Штип двете екипи одиграа фантастичен натпревар, трибините беа полни до последно место, а на крај се радуваа гостинските навивачи. Мојсов од единствената шанса на Тиквеш донесе голема победа за својот тим, но голем удел во овој успех имаше и Александар Игески. 

Голманот на кавадарчани беше расположен за надигрување, а зад своето име ја забележа и интервенцијата на мечот, откако во 93. минута на фантастичен начин го сопре ударот на Ѓоргиев и спаси гол на Брегалница, кој веројатно би го оставил Тиквеш без победа на овој меч. 

Одбраната на Игески во финишот од мечот со Брегалница: 

Со оваа победа Тиквеш се искачи на лидерското место со 13 бода, а Брегалница може да го загуби и второто во случај Беласица да извојува победа в сабота на теренот на Плачковица.