Тиквеш и Пелистер го испратија Столе Димовски во пензија

По повеќе од 180 официјални настапи во дресот на Тиквеш, голманот Столе Димовски реши да ја заврши својата играчка кариера, оставајќи зад себе голема трага во клубот. 

Кариерата на Димовски започна во 2008 година во Хоризонт Турново, а се до Тиквеш, се движеше преку Металург, Тетекс, пак Турново, Борец и Македонија ЃП. За него последен дуел е против Пелистер, затоа доби почести и од двата тима.

Пред стартот на мечот, фудбалскиот клуб Пелистер легендата на Тиквеш му подари дрес, потпишан од сите фудбалери.