Тиквеш и Лабуништа ќе го играат баражот за ПМФЛ во Скопје

Веќе се познати екипите кои ќе се борат за влез во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) преку бараж, а тоа се Тиквеш од Кавадарци од источната, односно Лабуништа од западната конференција.

Двата тима се сигурни на вторите места и ќе играат еден против друг, за влез во финалето, каде, пак, ќе чека осмопласираната екипа од ПМФЛ. Дуелот меѓу двата тима ќе се игра на 2 јуни, а истиот е закажан во Скопје.

Директна промоција од ПМФЛ од второлигашите обезбедија Борец од Велес и Струга Трим Љум. Засега, од елитата испадната е само прилепска Победа, а за да се избегнат другите места кои носат понизок ранг, се води голема битка.