Тиквеш го врати младиот Најдовски во своите редови

Екипата на Тиквеш продолжува со засилување на екипата за пролетниот дел од сезоната. По заминувањето на Михаел Маневски во Вардар, клубот од Кавадарци експресно пронајде замена за испразнетото место и во своите редови го врати младиот Никола Најдовски, кој потекнува од нивната школа.

20-годишниот фудбалер во Тиквеш се враќа од редовите на Кожув, каде настапуваше во последните шест месеци. Во првиот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига Најдоски забележа трианесет натпревари за Кожув и постигна еден гол. Тој исто така настапуваше и за тимот на Борец.

Тиквеш е еден од најактивните прволигаши на трансфер пазарот оваа зима, а покрај Најдовски во Кавадарци пристигнаа Купанов, Јонус, Воша,  Даниел Миловановиќ, Михаљевиќ...

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.