Тиквеш го врати главниот напаѓач Александар Мишов

Екипата на Тиквеш во наредниот период на располагање повторно ќе го има главниот напаѓач Александар Мишов.

Мишов, кој има 20 години, дел од ланската сезона ја мина во редовите на тимот од Кавадарци како позајмен од Академија Пандев. Потоа, повторно се врати во Струмица, но двете страни пак се договорија позајмицата да продолжи во наредните шест месеци.

Александар Мишов е роден во Кавадарци и е голем миленик на публиката на Тиквеш. Во досегашниот дел, тој е едно од најголемите, ако не и најголемото засилување за тимот кој игра во ВМФЛ - Исток.