Тиквеш ги сочува најдобрите: Дарко и Александар Илиески добија нови договори  

Екипата на Тиквеш одигра одлична сезона во Втората македонска фудбалска лига-Исток, но немаше среќа во клучните моменти и не успеа да се врати во елитата на мак-фудбалот. 

Во бараж мечот беше совладана од Силекс, но и покрај тоа во таборот на кавадарчани дуваат позитивни ветришта. Најавено е дека стручниот штаб на чело со Љупчо Димитковски нема да претрпи промени, а раководството започна со градење на костурот за идната сезона. 

Откако пред неколку дена Роберт Митев стави потпис на нов договор, денес Тиквеш задржа уште двајца клучни фудбалери. 

Се работи за столбот во одбраната Дарко Илиески, како и младиот голман Александар Илиески, кои ја продолжија соработката на уште една сезона. Во периодот што следува во Кавадарци треба да пристигнат и неколку новајлии, а веќе се планира и реконструкција на Градскиот стадион.