• Редакција Gol.mk

Амбициозниот прволигаш Тиквеш од Кавадарци на прагот е да го донесе најголемото засилување оваа зима. Кавадарчани се на чекор до официјализирање на напаѓачот Муса Јам Седик Гуел, фудбалер кој доаѓа од редовите на турски Самсунспор.
Станува збор за 26-годишен офанзивец со меѓународно искуство, кој веќе тренира со тимот, а во тек е финализирањето на документацијата по што се очекува и официјална промоција од страна на клубот. Во Тиквеш очекуваат новото засилување да донесе поголема ефикасност во нападот и да биде важен адут во продолжението од сезоната, во период кога секој бод може да има големо значење во битката за што подобар пласман.
Кавадаречкиот прволигаш првиот натпревар во пролетниот дел на шампионатот ќе го одиграат утре против Шкупи.




