• Мартин Танасковски

Екипата на Тиквеш се соочува со нови проблеми затоа што доби уште една блокада за трансфери од ФИФА.
Македонскиот прволигаш беше санкциониран со забрана од три преодни рока за регистрирање играчи во месец мај, но од 16 јуни името на Тиквеш се најде и вторпат на листата на клубови со забрана за уште три преодни рока во кои нема да може да прават трансфери.
Причината за ваквите настани се неисплатени долгови кон странски побарувачи кои ги пријавуваат своите случаи во ФИФА. Непознато е за кој играч или тренер се работи, но Тиквеш мора брзо да реагира доколку сака да може да регистрира имиња.
Покрај Тиквеш, на листата на ФИФА со забрани се соочуваат и Шкупи и Воска Спорт кај мажите, односно ЖФК Љуботен кај дамите.
