ВИДЕО: Тики-така среде „Камп Ноу“, волшебни 40 секунди на Интер

Интер

Иако си замина со пораз, екипата на Интер ги задоволи навивачите со изданието на гостувањето кај Барселона во групната фаза во Лигата на шампионите.

Откако Антонио Конте пристигна во Милано, „неразурите“ започнаа да играат атрактивно и убаво за око. Доказ за тоа беше вчерашниот настап на „Камп Ноу“, кој сепак за нив имаше тажен крај.

На крајот од првиот дел, гостите од Италија направија прекрасна акција по левата страна, која ги одушеви фудбалските фанови.