• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов реши да ја смени средината за да обезбеди поголема минутажа.
Во самиот финиш од преодниот рок тој ја напушти Сигма и замина на позајмица во Словачко, тим кој се бори за опстанок во елитата на чешкиот фудбал.
По зимската пауза Костадинов не доби ниту една минута на теренот во дресот на Сигма и постојано беше меѓу резервите, што беше главната причина да прифати нов предизвик.
Во текот на кариерата настапуваше и за Пјаст Главице, Ружомберок, Вион и Банска Бистрица, додека во Македонија го носеше дресот на Тетекс.
Во новиот клуб Костадинов ќе ја дели соблекувалната со уште еден македонски репрезентативец – Андреј Стојчевски, кој во Словачко се пресели минатото лето.

