ВИДЕО: Тигрес на Жињак и Еду Варгас ја одбрани титулата првак на Мексико

Тигрес e новиот првак на Мексико во фудбал, откако во голема драма во возвратниот финален натпревар го совлада Монтереј како гостин со 1-2 (1-0). Стрелци на головите за „жолтите“ беа Едуардо Варгас и Франциско Меза. Претходно тимот на Монтереј поведе со голот на Дорлан Пабон, а на десет минути до крајот Уртадо не реализира пенал за израмнување.  

Првиот натпревар во четвртокот, игран исто така на „Астека“ заврши без победник, 1-1. 

Ова е шеста титула за Тигрес под водство на Рикардо Ферети, а трета откако во екипата пристигна Французинот Жињак.