Тигран Барсегјан си замина од Вардар

Македонскиот вицепрвак Вардар ќе има тешка задача во наредниот дел од сезоната, затоа што остана без услугите на најдобриот стрелец и најдобриот фудбалер Тигран Басегјан (25).

Ерменецот не настапуваше за „црвено-црните“ во изминатите два месеци поради проблеми со работната дозвола, што резултираше со губење на врвот во ПМФЛ и негатива од пет бода во однос на Шкендија. 

Како најдобар стрелец, отсуството на Барсегјан беше евидентно во тимот. Барсегјан си заминал од Македонија, а управата ќе мора да бара соодветна замена ако сака тимот да биде конкурентен во битката за тронот во мак-фудбалот.

Барсегјан пристигна во Македонија во 2015 година и премногу брзо стана важен дел од составот. Играше важна улога во составот кој испиша историја и кој го однесе Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.