Тибо Куртоа: Симеоне го критикува Реал само за да биде популарен

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, смета дека неговиот поранешен тренер, Диего Симеоне, го критикува „кралскиот клуб“ само за да биде популарен меѓу навивачите на Атлетико Мадрид.

Неодамна аргентинскиот тренер истакна дека Тибо Куртоа ја доби наградата за најдобар голман од страна на ФИФА само поради тоа што е член на Реал Мадрид.

„Симеоне нас не критикува само за да биде популарен кај навивачите на Атлетико. Секогаш тоа го правеше, го напаѓа Реал, бидејќи е најдобар клуб на светот. Секое мислење треба да се почитува. Бев во Атлетико три години, а кога се борите со великан како што е Реал, тогаш постојано ќе зборувате работи кои ќе имаат влијание на вашата популарност“, изјави Куртоа.

Тибо Куртоа на синоќешниот меч против Рајо Ваљекано во финишот имаше две одлични одбрани и беше еден од најзаслужните за освоените три бода на „кралевите“.