Тибо Куртоа го наследи Буфон како најдобар голман во светот!

Тибо Куртоа е вториот фудбалер кој е прогласен за најдобар голман како склоп од наградата „ТHE BEST“. Минатата сезона таа награда, која за првпат беше воведена, замина во рацете на Џанлуиџи Буфон. Признанието му го додели легендарнит голман Едвин ван дер Сар и голманот на Чапокаенсе, Данило. 

Белгиецот минатата сезона беше дел од тимот на Челзи, со кој не успеа да ја одбрани шампионската титула, но пред се поради одличните настапи се чини сосема заслужено ја освои наградата за најдобар голман, која ја доделува ФИФА. На второто место заврши Хуго Лорис, кој со Франција го освои Мундијалот во Русија, а третото место му припадна на Каспер Шмајхел.

26-годишниот Куртоа во новата сезона е дел од тимот на Реал Мадрид, а иако како конкуренција го има одличниот Кејлор Навас, полека се наметнува кај Јулен Лопетеги и се очекува во продолжение на сезоната да биде прв избор.