ВИДЕО: Тиаго со деби погодок ги потврди трите бода за Ливерпул

Ливерпул не се откажува од идејата да игра во Лигата на шампионите наредната сезона. Денес избраниците на Јирген Клоп го совладаа Саутемптон (2-0) во 35. коло од Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Долго време „црвените“ имаа јалова иницијатива и не успеваа да го „скршат“ отпорот на противникот. По многу обиди, на крај Мане одлично одговори на асистенцијата на Салах и реализира за 1-0.

Гостинскиот тим возврати со свои шанси, преку Редмонд и Диало. Точка на мечот во завршницата можеше да стави Мане, но неговиот втор погодок беше поништен поради офсајд позиција. 

На крај Тиаго во надополнувањето погоди за потврда на бодовите. Бразилецот го постигна дебитантскиот погодок во дресот на премиерлигашот.