Тиаго Силва сака да се врати во Милан

Во Милан стана еден од најдобрите стопери во светот, но во ПСЖ стана најплатен во светот. Тиаго Силва никогаш не криеше дека си замина од Милан поради повеќе финансии што ги добива во Париз, но би сакал еден ден да се врати на Сан Сиро.

„Милан ми е во срцето и тука ќе биде засекогаш. Не знам како би можел да им кажам НЕ ако ме повикаат. Не е лесно да се зборува за иднината во фудбалот, бидејќи никогаш не знаете што може да се случи. Сите опции се можно. Камбекот во Милан би бил како јаготка на шлаг и таму би ја завршил кариерата“, изјави Силва.

Сепак прашање е колку Силва во моментов му е потребен на Милан. Стандардни стопери во италијанскиот клуб се Бонучи и Ромањоли, кои имаат долгорочни договори.