• Мартин Танасковски
Бразилската фудбалска ѕвезда Тиаго Силва официјално се враќа на европската фудбалска сцена и е нов фудбалер на Порто, потврди реномираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.
Искусниот стопер ќе го облече дресот на португалскиот великан по потпишувањето договор што важи до јуни 2026 година, со вклучена опција за продолжување на соработката до летото 2027.
Силва пристигнува како голема желба на новиот тренер Франческо Фариоли, но и како проект што силно го поддржа претседателот на клубот, Андре Вилаш-Боаш, кој одигра клучна улога во реализацијата на трансферот.
За „змејовите“ од „Драгао“, ангажманот на Тијаго Силва далеку ја надминува класичната ротација во одбраната затоа што станува збор за еден од најтрофејните и најпочитувани дефанзивци на модерниот фудбал.







