• Мартин Танасковски
Легендарниот бразилски фудбалер Тиаго Силва на крајот од сезоната си оди од Челзи како слободен агент и медиумите велат дека се враќа во татковината.
По цели 15 години, Силва ја разгледува можноста да се врати во екипата на Флуминенсе. И тоа третпат во кариерата. Бразилецот ја започна кариерата во овој клуб, а потоа во 2005 година замина во Европа, каде Порто го купи за 2,5 милиони евра.
По краток неуспешен период во Европа, Тиаго Силва пак се врати во Флуминенсе, тоа беше во 2007 година. По фантастични две сезони во бразилскиот клуб, тој се пресели во Милан и потоа му следеше подемот во европскиот фудбал, каде играше уште и за ПСЖ и Челзи, а ги освои сите можни пехари.
Тиаго Силва во моментов има 40 години, а доколку потпише за Флуминенсе, тоа ќе биде неговата последна станица во кариерата пред фудбалската пензија.