Тевез: Жал ми е за навивачите, тие не заслужуваат ваков третман од КОНМЕБОЛ

Живата легенда на Бока Јуниорс, Карлос Тевез, повторно јавно удри по Јужноамерикаснкиот фудбалски сојуз (КОНМЕБОЛ), велејќи дека раководството на оваа структура недоволно се интересира за своите фудбалери и навивачи. 

Некогашниот аргентински репрезентативец жали што вистинските фанови на Бока и Ривер нема да можат да ги бодрат своите миленици, вината за тоа ја посочи токму кон КОНМЕБОЛ.

„Важно ни е во Мадрид да ја имаме поддршката. Жал ми е за навивачите, но за тоа не се виновни играчите, туку федерацијата. Навистина не знам како може ваков меч да се игра надвор од границите на Аргентина, тоа е лудо. Но, за тоа не треба повеќе да размислуваме, и на „Сантијаго Бернабеу“ да покажеме дека го заслужуваме овој пехар“, вели некогашниот член на Јуве, Јунајтед и Сити. 

Првиот натпревар од финалето на Копа Либертадорес, кој се одигра на „Ла Бонбонера“ заврши без победник (2-2). Реванш мечот во Мадрид е закажан за в недела од 20:30 часот.