Тевез одби четири понуди од Европа и се враќа во Бразил

Еден од најдобрите аргентински напаѓачи во поновата историја, Карлос Тевез, повеќе не е член на Бока Јуниорс и својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Бразил, во тимот на Коринтијанс.

На неговата адреса стигнуваа многу побогати понуди од многу поголеми клубови, но Тевез се одлучи по пауза од десет години повторно да го облече дресот на овој бразилски великан. 

„Преминот на Тевез во Бразил е скоро готова работа. Остануваат само мали детали и ќе се потпише договорот. Јувентус, Атлетико Мадрид и два премиерлигаши се обидоа да го вратат поранешниот аргентински репрезентативец во Европа, но тој повторно ги одби. Карлос сакаше да се врати во Бразил“, изјави агентот на Тевез. 

Тевез во сезоната 2005/2006 настапуваше за Коринтијанс и тоа и тогаш во Бразил се пресели од редовите на Бока Јуниорс, а потоа имаше успешни сезони во Европа во екипите на Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.