Тевез: Ако играат Барса - Реал, а на другиот канал има голф - ќе гледам голф!

Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез во интервју за аргентинските медиуми откри интересна приказна, во која вели дека фудбалот го сака само кога го игра, а на телевизија - ретко го гледа.

Популарниот „апачи“ истакна дека ужива само кога топката ја има во нозете, а на ТВ-екраните преферира да гледа други спортови и други работи.

„Не гледам јас фудбал. Ако играат Барселона и Реал Мадрид, а на другиот канал има турнир во голф, јас ќе го гледам голфот. Никогаш не сум бил фудбалски фанатик. Сакам да играм, уживам кога топката ми е во нозете“, изјави Тевез.

Тевез моментално настапува во редовите на Бока Јуниорс, а во минатото беше дел од најсилните светски лиги Премиер лигата и Серија А, а имаше и една авантура во Кина.