Теута купи уште еден играч од Македонија, потпиша со Пепи Ѓорѓиев

Екипата на Теута од Албанија донесе нов играч од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во своите редови и потпиша со напаѓачот Пепи Ѓорѓиев.

Гевгеличанецот кој има 26 години играше за Силекс, но откако тимот отпадна од елитата, реши да тргне во нов предизвик. Следна станица ќе му биде Албанија, каде ќе го носи дресот на Теута, тим со кој претходно потпиша и Христијан Драгарски.

Пепи Ѓорѓиев покрај за Силекс играше и за Брегалница, Беласица и Кожуф. Во ПМФЛ одигра 21 натпревар, на кој забележа учинок од 13 гола и девет асистенции.