Тетовскиот снег не би требало да го одложи дербито во ПМФЛ!

Во градот под Шара константно паѓа снег, но тоа не би требало да биде проблем за одигрување на дербито меѓу Шкендија и Вардар, со кое ќе се отвори пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Тетово има околу десетина сантриметри снег, но комесарот за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиновски, ни изјави дека, барем засега, временските услови не би требало да го одложат големото дерби.

„Теренот има одлична дренажа, можеби стадионот се уште не е комплетно готов, но теренот мислам дека дозволува ваков тип на натпревари. Минатата сезона се одигра дерби-дуел на снег, меѓу Пелистер и Вардар во Битола. Новите терени го дозволуваат тој тип на натпревари, сега, не може да предвидиме што ќе биде на денот на мечот и какви ќе бидат времнеските услови, но заедно со судиите ќе одлучиме. Според актуелните услови за игра, најмалку се стравува за тоа дерби. Доколку дојде до одложување на некој натпревар, истиот ќе го презакажеме во нов термин, иако имаме густ календар“, истакна Дојчиновски.

Временските услови прават проблем и во Кратово, Струмица и Скопје, каде врне дожд, односно снег. Најголемиот проблем би можела да го има екипата на Шкупи, која е домаќин на „Борис Трајковски“ во Маџари и каде ќе ја пречека Академија Пандев.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 РеноваРенова 1 1 0 0 4:3 1 3
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 2:1 1 3
3 ПобедаПобеда 1 1 0 0 1:0 1 3
4 РаботничкиРаботнички 4 2 1 0 1 5:5 0 3
5 ШкендијаШкендија 1 1 0 1 0 2:2 0 1
5 ВардарВардар 1 1 0 1 0 2:2 0 1
7 ШкупиШкупи 1 1 0 1 0 1:1 0 1
8 СилексСилекс 2 2 0 1 1 2:3 -1 1
9 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 0 0 1 1:2 -1 0
10 БеласицаБеласица 1 0 0 1 0:1 -1 0