ФОТО: Тетоважа која кажува повеќе од 1.000 зборови!

Росангела Лоуреиро, сопругата на загинатиот капитен на Чапекоенсе, Клебер Сантана, го одушеви светот со својата нова тетоважа. 

Таа на своето лево рамо одлучи да стави тетоважа во облик на срце кое е формирано од авион и кое наеднаш прекинува, како спомен за трагичната смрт на својот сопруг и неговите пријатели. 

Исто така, таа открива дека по завршувањето на сезоната со повеќето семејства на загинатите фудбалери кон крајот на декември имаа договорено заеднички одмор.