• Горан Упале

Екипата на Тетекс, благодарение на фузијата со Лабуништа и во следната сезона ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига – Запад. Иако со задоцнување, тетовчани ги започнаа подготовките за новите предизвици, а веќе ги претставија и првите две засилување.
Нови членови на Тетекс се поранешниот дефанзивец на Ренова, Меритон Салији и повратникот во тимот Мирослав Јованоски, кој во минатата сезона настапуваше за Гостивар.
Иако ситуацијата во клубот не е сјајна и раководството има ограничен буџет, најавени се уште неколку засилувања со кои тренерот Ивица Јовановски ќе проба да ја оствари зацртаната цел, а тоа е опстанок во ВМФЛ.