Тетекс со отворено писмо до ФФМ: Што имаме ние од вашите извинувања?

Фудбалскиот клуб Тетекс објави отворено писмо до Судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во кое посочи дека извинувањата не му помагаат на клубот.

Писмото е потпишано од потпретседателот на „штофарите“, Ивица Хаџииљоски-Чајка, а тој јавно прашува, што има клубот од извинувањата кои ги добил од своја адреса, кога загубил клучни бодови во битката за опстанок поради судиски грешки со Борец, Караорман и Саса.

„Што има ФК Тетекс – Тетово од Вашите извинувања и анализи?!

(Отворено писмо до судиска организација на фудбалската федерација на Р.Македонија)

Во име на ФК Тетекс и во мое лично име се прашувам дали грешките на судиите се случајни или намерни?!

Драстично сме оштетени на наптреварите со Борец каде што не беа досудени два очигледни пенали во наша корист . На наптреварот со Караорман не беше досуден офсајд и притоа примивме гол, кој беше признаен, до последниот натпревар кој го игравме со Ф.К. Саса –Каменица каде што ни беше поништен чист регуларен гол.

Цел живот сум во спортот и до сега ми се нема случено да во СЕРИЈА БИДЕМЕ ДРАКОНСКИ ОШТЕТЕНИ , а со тоа е нанесена огромна неправда на Ф.К. Тетекс , односно, клубот е оштетен за пет бода кои ни се и тоа како потребни за опстанок на клубот во втората македонска лига.

Доколку повеќе што во натпреварот со Саса кој се директен конкурент во борбата за опстанок, одземени ни се два бода кои вредат како четири. За жал за цело време нашите фудбалери и стручниот штаб максимално тренираат , се борат на секој натпревар, даваат се од себе, да чесно победат и изборат опстанок на Тетекс во втората лига, а некој така лесно со една судиска одлука, целиот труд да го девалвира.

Да не зборуваме за жртвувањето на целата управа кои даваат пари од сопствен џеб и трчаат и молат спонзори како би ги покриле сите трошоци за успешна работа на Тетекс.

Влегов во Тетекс со најчиста намера да му помогнам на клубот што е фудбалска икона на град Тетово и сметав дека Фудбалската федерација на Македонија-судската организација при ФФМ се професионалци и чесни во права смисла на зборот, меѓутоа од нивна страна буквално Ф.К.Тетекс е оштетен до крајни граници.

За нас секој бод ко злато е вреден , а ние сме оштетени за ограомни 5 бодови. Со овие 5 бода ние ќе бевме на сигурна позиција за опстанок во лигата. И со право сите ние во Тетекс се прашуваме што со извинувањата од судиската организација.

Потпреседател на Ф.К.Тетекс Ивица Хаџииљоски -Чајка“

„Штофарите“ се наоѓаат на четиринаесеттото место со 15 бода, а пред нив е Саса со 17 бода. На првото безбедно место во ВМФЛ е Локомотива Пехчево со 20 бода.