• Мартин Танасковски

Екипата на Тетекс ги комплетира учесниците во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во следната сезона, откако славеше убедливо во баражот со Влазрими.
„Штофарите“ на стадионот во Ѓорче Петров одиграа доминантно и со убедлив триумф од 9-0 го задржаа второлигашкиот статус и во новото издание на ВМФЛ. По првото полувреме, Тетекс имаше убедливи 3-0, па вториот дел беше само рутина.
На натпреварот по два гола постигнаа Славчо Мисајловски и Блашко Николовски, додека по еднаш погодија Али Хисар, Агон Елмази, Азис Јамини, Лука Гавровски и Меритон Салији.
Покрај Тетекс кој им донесе голема радост на „Војводите“ на натпреварот во Ѓорче Петров, преку баражите место во ВМФЛ обезбедија и екипите на Еуромилк, Камјани и Кожуф кој опстана како еден од второлигашите кои играа бараж.








