Тетекс славеше на гости кај Црно Буки, Осогово подобар од Беласица

Teteks

По ремито со Детонит на отворањето на подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, Беласица одново не победи на пријателски натпревар, односно загуби од второлигашкиот ривал Осогово, со минимални 0-1.

На полувреме мрежите мируваа на натпреварот во Струмица, а тимот од Кочани до победата стигна со погодок во самиот финиш, односно во 74. минута.

Минимална победа со еден постигнат гол запиша и тимот на Тетекс, на гостувањето кај Црно Буки. Во меморијалниот натпревар во чест на Трајан Кочишки, тетовчани со 0-1 го совладаа третолигашот.