Тетекс преку Кожуф до четвртфинале во Купот на Македонија!

Екипата на Тетекс успеа да се пласира во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија откако како домаќин успеа да слави со 3-2 (2-1) и да мине во наредната фаза.

„Штофарите“ одиграа ефикасен натпревар и заслужено се радуваат на триумфот. Во наредната фаза, Тетекс оди со вкупен резултат 5-4, затоа што со минималната победа дома, ги одбрани оние 2-2 на гостински терен.

Првиот погодок беше дело на Емир Азири, вториот го постигна Марио Станковски од пенал, а откако Кожуф се врати и изедначи на 2-2 преку Ристовски и Каракамишев, златниот гол беше дело на Енис Дервиши и падна во 70. минута.

Тетекс е првиот четвртфиналист во Купот на Македонија, а останатите ќе се решаваат на утрешните натпревари од 14.30 часот.

 

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија