Тетекс подобар од Брера во контролка пред второлигашкиот старт

За две недели почнуваат натпреварите за бодови во Втората фудбалска лига (ВМФЛ).

Клубовите од вториот по квалитет ранг продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари низ која ја проверуваат формата. Тетекс беше подобар на тестот со ланскиот прволигаш Брера Струмица, откако „штофарите“ триумфираа со резултат од 0-2.

Следен контролен натпревар за Брера Струмица ќе биде против Кожуф, меч кој ќе се одигра викендов на СЦ „Пандев“ во Струмица.

Во првото коло од новиот второлигашки шампионат Брера ќе биде Еуромилк Горно Лисиче, а Тетекс ќе се соочи со Македонија Ѓорче Петров.