Тетекс го договори Лазаревиќ и се „пресели“ во Охрид

Екипата на Тетекс замина за Охрид каде ќе ја одработи главната фаза на подготовките за наредниот дел од сезоната во Втората лига - Запад.

„Штофарите“ ќе бидат во Охрид до 24 февруари и ќе играат неколку пријателски средби. Пред заминувањето на подготовки, Јовица Кнежевиќ е младиот 19-годишен Стефан Лазаревиќ, кој се приклучи на тимот и ќе биде засилување. Тој доаѓа од Гостивар, а претходно има искуство и за Скопје во ПМФЛ.

Тетекс го чека тешка битка за опстанок во ВМФЛ - Запад, затоа што тимот е на последната позиција.