Тетекс ги „запали моторите“ и закажа шест контролки во подготовките

Екипата на ФК Тетекс ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. 

Тимот веќе тренира  со полна пареа, а целта е подобрување на формата и подобри резултати во продолжението од сезоната. Се работи и на засилување на играчкиот ростер, а од утре, па во наредните триесет дена, управата ќе се обиде да доведе квалитетни фудбалери кои можат да ѝ помогнат на екипата. 

Тетовчани под водство на тренерот Марјан Билбиловски ќе одиграат и шест пријателски натпревари, на кои ќе се темпира формата, а ќе се работи и на сите тактички подготовки.

Тетекс ја заврши есенската полусезона на единаесеттата позиција на табелата, со вкупно седумнаесет бодови на своето салдо.