ФОТО: Тетекс доби специјално изработени дресови за новата сезона во ВМФЛ

Македонскиот фудбалски клуб Тетекс со полна пареа се подготвува за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига – Запад, а фудбалерите за предизвиците кои што ги очекуваат добија нови дресови.

Од тетовскиот клуб го претставија дизајнот на новиот дрес за сезоната која што следува, кој е специјално изработен од една модна куќа. 

„Фудбалскиот клуб Тетекс ви го претставува новиот домашен дрес за сезоната 2021/22. Голема благодарност упатуваме до модната куќа „Darsky“, која специјално ги изработи новите дресови за нашиот клуб. „Сино-белата“ комбинација која е и нашиот идентитен се враќа повторно назад. Се надеваме дека со новиот дизајн ќе ги израдуваме нашите фанови. Новиот дрес наскоро ќе биде достапен и на официјалната интернет продавница на Тетекс“, велат од тетовскиот клуб.

Тетекс скоро две седмици е во тренажен процес, а пред три дена го одигра и првиот пријателски натпревар на кој загуби од Скопје со 3-2.