ВИДЕО: Тетекс даде гол од 40 метри во победата над Слога Виница

Екипата на Тетекс на домашен терен, на Градскиот стадион во Тетово, забележа победа над Слога Виница (2-0) во претпоследниот дуел од колото во ВМФЛ.

Отпорот на ривалот „штофарите“ го скршија во вториот дел. Салији Меритон во 65 минута погоди од 40 метри по една лоша голманска проценка на чуварот на мрежата на Слога, а пред финишот во 95. минута Даути Даут ги постави конечните 2-0.

За Тетекс ова беше втора победа во четири одиграни кола во ВМФЛ. Рундата ќе ја затворат Брегалница и Детонит Плачковица во вечерен дуел во Струмица.