Тешко повредениот саудиски фудбалер успешно опериран

Левиот бек на Саудиска Арабија, Јасер Ал Шахрани, кој се повреди на натпреварот против Аргентина во средата, го оперираше панкреасот.

Ал Шахрани по повредата беше префрлен во родната земја, откако се здоби со фрактура на вилицата, потрес на мозокот, внатрешно крварење, како и повреди на стомакот и градниот кош, соопшти Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, додавајќи дека бил успешно опериран.

Бекот дефинитивно ќе го пропушти остатокот од Светското првенство во Катар. Повредата настана во судиското надополнување, кога голманот Мохамед Ал-Овејс со колено удри во соиграчот.

По победата против Аргентина 2-1 (0-1), Саудиска Арабија в сабота ќе игра против Полска.