ВИДЕО: Тешки победи на Јанг Бојс и Базел, ниедна екипа нема максимален учинок по три кола

Ниту една екипа нема максимални три победи во швајцарскиот шампионат. Првакот Јанг Бојс остана на врвот со седум бода, откако пред своите гледачи во Берн го совлада Лугано со 2-0 со двата гола на Нсаме.

По успехот протов ПСВ Ајндховен во квалификациите на Лигата на шампионите, Базел на Марсело Колер го совлада Тун на гостински терен со 2-3. Валентин Штокер во 85. минута го постигна победеносниот гол за најуспешната швајцарска екипа во последната деценија.

Јанг Бојс - Лугано 2-0:

Тун - Базел 2-3: 

Цирих загуби на теренот на Сион со 3-1, а Сервет со голот на Стевановиќ го победи Луцерн со 1-0.