Тешки денови за Баерн: Ковач доби отказ, а сега се повреди најдобриот фудбалер

Роберт Левандовски

Баварски Баерн Минхен минува низ тежок период. Од пред неколу дена, бранителот на титулата во Бундеслигата остана без тренер, по отказот врачен на Нико Ковач.

Сега проблемите за Баварците се уште поголеми на теренот. Се повреди Роберт Левандовски, најдобриот фудбалер на екипата.

Според пишувањата на германските медиуми, полскиот голгетер, кој постигна погодок на сите натпревари во домашното првенство оваа сезона, ќе мора на операција. Тој има проблеми со препоните, кои ќе го натераат да паузира во наредните две недели.

Тоа значи дека тој ќе ги пропушти Олимпијакос во Лигата на шампионите и големото дерби против Борусија Дортмунд во Бундеслигата.

Полјакот се очекува да се врати на обврските во Баерн по репрезентативната пауза.