Тешка повреда на Ројс, може да пропушти уште еден голем турнир

Призорот од „Сигнал Идуна Парк“ во моментите по повредата на Марко Ројс воопшто не влеваат надеж. Капитенот на Борусија Дортмунд веројатно се здоби со потешка повреда на коленото, а тоа е огромен пех за него.

Имено, овој фудбалер баш нема среќа кога се работи за големите репрезентативни турнири. Досега за Германија играше само на Светското првенство во 2018 година во Русија, а поради повреди ги скокна Европските во 2012, 2016 и 2020 година, како и Мундијалот во 2014 во Бразил.

Сега, Ројс се соочува со можност да пропушти и шести голем собир со Германија. Сите се надеваат дека повредата не е сериозна, меѓутоа на два месеци пред стартот на Мундијалот во Катар, Ројс на носилки и во видлива болка беше изнесен од теренот на мечот со Шалке 04. 

Состави

Edin Terzic

4-2-3-1

    Thomas Reis

    4-2-3-1