• Мартин Танасковски

Екипата на ГФК Осогово освои бод во битката за опстанок на гости кај ГФК Охрид, но остана без младинецот Михаил Николов кој се повреди тешко по еден дуел со противник.
Се играше судиското надополнување, кога Николов се судри со Христијан Спироски од ГФК Охрид и падна на тревата. Евидентно беше дека ударот е силен и дека се работи за тешка повреда, па на терен влезе и брзата помош.
Публиката во Охрид го испрати младиот играч од теренот со аплауз, а беше изнесен на носилки и итно пренесен во болница во Охрид.