ВИДЕО: Тешка повреда на голманот на Борец, со амбуланта заврши во болница

Натпреварот меѓу екипите на Борец и Детонит Плачковица заврши без постигнати голови, а го одбележа една тешка повреда на голманот на домашните во последните минути.

Се играше екстра-времето, кога младиот голман Петар Јакимов се здоби со повреда. Ненамерно, Стефан Бабунски од Детонит Плачковица, во обид да дојде до топката, се судри со чуварот на мрежата на велешани. Јакимов доби силен удар во главата.

Прекинот на натпреварот траеше подолго време, а мораше да интервенира и амбулантното возило затоа што Јакимов веднаш беше пренесен во болница. На негово место на терен влезе Давид Димитриевски.