Тешка победа по скоро три часа за Надал на стартот во Барселона

Надал Ферер

Првиот фаворит за титулата во Барселона, Рафаел Надал, со многу проблеми го започна турнирот.

На Шпанецот му беа потребни два часа и 50 минути за да го елиминира Леонардо Маер од Аргентина по три одиграни сета (6-7/9, 6-4, 6-2).

Првиот сет, кој беше и најдолг на овој меч, се одлучуваше по тај-брејкот. Истиот му припадна на аутсајдерот кој успеа да стигне до конечни 9-7. 

На тоа, бранителот на титулата од минатата сезона одговори со два лесни сета. Првиот го доби со еден брејк, а вториот уште полесно, со два одземени сервиси, за да се пласира во осминафиналето.

  • Поен на мечот: 

Таму ќе го чека неговиот сонародник Давид Ферер, кој ја игра последната сезона во кариерата.