Тешка група за У17 репрезентацијата, ривали им се Германија, Полска и Малта

Македонската репрезентација до 17 години на извлекување во Нион ги доби противниците во групата за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. 

Нашата млада селекција е во групата 11 со репрезентациите на Германија, Полска и Малта.

Квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза ќе се одржи во Малта од 7 до 13 октомври 2020 година.