Терзиќ: Немам никаков контакт со Рома и не се селам во Италија

Италијанските медиуми пишуваа дека Рома е близу до договор со Един Терзиќ, кој би го заменил Иван Јуриќ на клупата на „волчицата“, но екс-предводникот на Борусија Дортмунд ги демантираше овие наводи, велејќи дека не остварил никаков контакт со гигантот од „вечниот град“. 

Рома е во лоша ситуација и веќе му врачи отказ на Јуриќ, но според изјавите на Терзиќ, тој сигурно нема да биде негов наследник на тренерската позиција. 

„Немавме никакви контакти со Рома. Мојот агент е во постојана комуникација со заинтересираните страни, но колку што знам, немавме ниту еден повик од Рим. Не верувам дека Италија ќе биде мојата следна дестинација“, изјави Терзиќ. 

„Волчицата“ во моментов е на очајното 12. место на табелата, а во следното коло ќе патува на тешко гостување кај лидерот во Серија А, Наполи.